Утрински Весник
Свет
Img 7972

Саудиска Арабија: Само имунизираните можат да одат на аџилак во Мека

Саудиска Арабија: Само имунизираните можат да одат на аџилак во Мека
Img 7972

Само на луѓето кои се имунизирани ќе им биде дозволено да одат на омра, мал аџилак во Мека за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, соопштија саудиските власти.

Министерството за аџилак наведува дека за имунизирани ќе се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина против коронавирус, лицата кои примиле само една доза најмалку 14 дена порано и оние кои оздравеле од коронавирусот, пренесува „Гардијан“.

Во Саудиска Арабија, која има околу 34 милиони жители, досега се потврдени повеќе од 390.000 случаи на коронавирус, а 6.700 луѓе починаа како резултат на инфекцијата.

Дадени се повеќе од пет милиони дози вакцина против коронавирус во земјата.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб