Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Саудиска Арабија демантира дека го одобрила убиството на Кашоги

Саудиска Арабија демантира дека го одобрила убиството на Кашоги
300x250 opst2

Саудиска Арабија го демантира извештајот објавен од САД дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го одобрил убиството на новинарот на Вашингтон пост, Џамал Кашоги.

„Кралството категорично го негира извештајот доставен до Конгресот (САД) за убиство на граѓанинот Џамал Кашоги“, се наведува во демантот.

Претходно, американската разузнавачка служба објави дека принцот Мохамед бин Салман ја одобрил операцијата за фаќање или убивање на Кашоги во Турција. Во извештајот се вели дека принцот сметал оти Кашоги претставува закана за кралството и затоа ги поддржува, доколку е потребно, насилните мерки само за да го замолчи.

Во извештајот се наведени и имињата на 21 лице блиски до принцот, кои биле вмешани.

Убиството се случи во октомври 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул. Кашоги тогаш влегол во зградата за да ги земе документите за венчавката што му претстоеше, а турските истражители соопштија дека тој таму бил задавен и убиен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир