Утрински Весник
Економија

Саудиска Арабија двојно го зголеми увозот на руски мазут

Саудиска Арабија, која е најголемиот извозник на нафта, повеќе од двојно го зголеми увозот на рускиот мазут во вториот квартал за да ја задоволи зголемената побарувачка од електраните и да ја зачува својата нафта за извоз, според податоците и трговските извори. Русија продава мазут по намалени цени бидејќи има помалку купувачи поради западните санкции.

dobivaj vesti na viber

Многу земји на тој начин го забранија или го отежнаа увозот на енергија од Русија за разлика од Кина, Индија и неколку африкански и блискоисточни земји, кои го зголемија. Саудиска Арабија продолжува да соработува со Русија во групата ОПЕК+, која се состои од Организацијата на земјите извознички на нафта и група независни производители. Саудиските власти играат значајна улога во ОПЕК и Русија меѓу независните производители.

Според податоците на „Ројтерс“, Саудиска Арабија увезла 647.000 тони (48.000 барели дневно) руски мазут преку пристаништата во Русија и Естонија од април до јуни во споредба со само 320.000 тони во истиот период минатата година.

Саудиска Арабија исто така увезе повеќе руски мазут преку нафтениот центар на Блискиот Исток, „Фуџаира“, во Обединетите Арапски Емирати, велат трговците. 1,17 милион тони руски мазут пристигна во „Фуџаира“ оваа година, според податоците од распоредот за товарење на бродот, во споредба со 900 илјади тони во истиот период минатата година.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот