Утрински Весник
Свет

Саудиска Арабија бара талибанците да ги заштитат животите и имотите на Авганистанците

Саудиска Арабија бара талибанците да ги заштитат животите и имотите на Авганистанците

Саудиска Арабија ги повика талибанците да ја осигураат безбедноста на авганистанските цивили и да ги заштитат нивните животи и имоти, тврдејќи дека кралството ќе прифати каква и да е одлука што ќе ја донесе авганистанскиот народ.

Во соопштението објавено на државните медиуми, саудиското МНР се повика на “благородните принципи на исламот“ со надеж дека талибанското движење и сите авганистански партии ќе работат на зачувување на безбедноста, стабилноста, животите и имотот.

По падот на Кабул во рацете на талибанците во неделата и соборувањето на претходната влада, постои меѓународна загриженост за стабилноста во земјата и за потенцијалните последици од враќањето на талибанците на власт по 20 години бунт.

И други арапски земји од Заливот го разгледуваат својот став кон новата талибанска влада, односно Исламскиот емират на Авганистан (ИЕА), при што Бахреин, кој претседава со шестчлениот Совет за соработка во Заливот (ГЦЦ) одржува консултации со земјите-членки.

Саудиска Арабија беше една од ретките земји што го призна владеењето на талибанците над поголемиот дел од Авганистан во доцните 1990-ти, но по нападите на 11 септември 2001 година и инвазијата на САД и коалициските сили, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го повлекоа признавањето и ги прекинаа врските со групата.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца