Утрински Весник
Свет

Сателитски снимки од нуклеарна централа покажуваат дека Северна Кореја го зголемува производството на плутониум

Сателитски снимки од нуклеарна централа покажуваат дека Северна Кореја го зголемува производството на плутониум

Некои сателитски снимки сугерираат дека Северна Кореја можеби се обидува да произведе повеќе плутониум за атомско оружје во нејзината главна нуклеарна централа, откако лидерот Ким Џонг-ун во јануари вети дека ќе ги зголеми активностите во таа област, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека американскиот сајт „38 Норт“, кој ги следи настаните во Северна Кореја, објави дека снимките од нуклеарниот комплекс во Јонгбијон покажуваат дека електраната на јаглен во овој објект работи по приближно двегодишна пауза.

Тој рече дека ова може да сугерира дека во тек се подготовки за обработка на плутониум потребен за нуклеарното оружје на Северна Кореја, но дека тоа исто така може да значи дека централата се подготвува само за ракување со радиоактивен отпад.

Претходно, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, потврди дека некои нуклеарни централи во Северна Кореја продолжуваат да работат, што е очигледна повреда на важечките резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Плутониумот е една од двете клучни состојки за изградба на нуклеарно оружје, заедно со високо збогатен ураниум.

Комплексот Јонгбијонг, северно од главниот град Пјонгјанг, има погони за производство на обете компоненти, но не е познато колку досега е произведено во овој комплекс и каде се складира, според агенцијата.

„Ројтерс“ известува дека во јануари Ким ветил дека ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал и обелоденил низа високо-технолошки системи за оружје насочени против САД, со порака дека судбината на билатералните односи меѓу двете земји зависи од тоа дали Вашингтон ја повлекува својата непријателска политика Северна Кореја.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен