Утрински Весник
Македонија

САС на МПЦ-ОА: Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството

Меѓународен симпозиум „Денови на Јустинијан I”

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Во вонредните услови на пандемија, кога грижата за здравјето на ближниот е исклучително важна, Синодот повикува ова Воскресение Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството. На овој Велигден храм нека бидат нашите срца во кои ќе воскресне Христос! На воскресните свети Литургии свештенослужителите ќе се молат за сите. Вие, пак, коишто од оправдани причини ќе отсуствувате, од вашите домови смирено и достоинствено изразувајте ја вашата вера и со радост придружете се во пеењето на воскресната химна: „Христос воскресна од мртвите…“ Сите да ги почитуваме најдобронамерните препораки на надлежните за доброто на сите! Воскреснатиот Христос нека ја исцели секоја човечка немоќ, а воскресенската радост нека ни биде постојана!, стои во соопштението од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер