Утрински Весник
Македонија

Сасоли: Одлуката за преговори со Албанија и Северна Македонија се добри вести во тешки времиња

Сасоли: Одлуката за преговори со Албанија и Северна Македонија се добри вести во тешки времиња

Брисел, 24 март 2020 (МИА) – Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, претставуваат добри вести во овие тешки времиња, оцени претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

– Некои добри вести во тешки времиња: министрите за ЕУ прашања рекоа ОК за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Лидерите треба да го потврдат тоа. Европскиот парламент отсекогаш ја поддржуваше европската иднина на Западниот Балкан. Ни требаат силни врски со соседите, сега повеќе од кога и да било досега, објави Сасоли на својот налог на Твитер. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата