Утрински Весник
Свет

Сасоли контра словенечкиот премиер: „Тој не може да кажува што ќе направи ЕУ, мора да покажеме солидарност“

Сасоли контра словенечкиот премиер: „Тој не може да кажува што ќе направи ЕУ, мора да покажеме солидарност“

Претседателот на Европски парламент Давид Сасоли ја оспори изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека Европска Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори кон Авганистан.

Сасоли наведе дека „претседавачот со Советот на ЕУ не може да кажува што ќе направи ЕУ“.

„Сите наши институции работат на тоа да утврдат каква солидарност е потребна за тие кои се во опасност од новиот (талибански) режим, а не само за Авганистанците кои работеа со нас“, изјави Сасоли.

Тој го повика словенечкиот премиер Јанша да разговара со европските институции за следните чекори. Рече дека сите земји чувствуваат дека се вклучени во расплетот на ситуацијата во Авганистан и јасно мора да се покаже солидарност.

Неговата изјава уследи откако Јанша на Твитер напиша дека ЕУ „нема да отвори никакви хунманитарни или миграциски коридори кон Авганистан“ и оти нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година.

Можете да прочитате

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција

Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата

Зеленски: Решавањето на територијалните прашања е невозможно без мој директен контакт со Путин