Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сари со ултиматум во Лацио: Или Таре или јас

Сари со ултиматум во Лацио: Или Таре или јас
300x250 opst2

Маурисио Сари му порачал на газдата на Лацио, Клаудио Лотито дека ќе си замине од клубот ако не биде „тргнат“ спортскиот директор на клубот Игли Таре, по разочарувачкиот зимски преоден рок и трансферот на Португалецот Жоване Кабрал.

Според „Раи спорт“, Сари и неговиот тим немале поим за кој фудбалер се работи и почнале да бараат негови видеа на Јутјуб, додека Таре го финиширал договорот. Весникот „Ил месаџеро“ пак, додава дека Сари му порачал на Лотито дека мора да биде вклучен во носењето одлуки за засилувањата кои му се потребни на римскиот клуб.

Вчера, навивачите на Лацио најавија протест пред тренинг-центарот на клубот во Формело поради „катастрофалната“ стратегија на водење на клубот.

> Сари со ултиматум во Лацио: Или Таре или јас <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица