Утрински Весник
Спорт

Сари признава: Во Јуве се расправам само со еден човек!

Сари признава: Во Јуве се расправам само со еден човек!

По паузата поради коронавирусот, Јувентус продолжи со силно темпо во Серија А. „Старата дама“ забележа 4 победи, па сега екипата од Торино е на +7 од Лацио на 8 кола до крајот.

Додека Алегри беше на чело на Јувентус имаше доста расправии меѓу играчите и тренерот, посебно се истакнуваше односот на Италијанецот кон Паоло Дибала.

Сари, пак, наводно имал неколку судири додека е на чело на Јуве, но тој признава само за еден.

„Постојано читам како се расправам со сите во клубот, но јас се расправам само со една личност, тоа е Игуаин. Не знам зошто, но тоа секогаш е случај. Можеби затоа што нему му треба агресивен пристап за да се извлече најдоброто од него. Ментално тој е добар, но физички не сум сигурен, доста време беше надвор од теренот“ – изјави Маурицио Сари.

Екс-стратегот на Челси има богато искуство со „Пипита“. Под негово водство Игуаин ги сруши сите рекорди во Наполи, го водеше во Лондон, а сега и во Торино.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига