Рим, 18 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ги кажа своите впечатоци по синоќешниот поразот од Наполи во финалето на Купот на Италија. Тој зборуваше и за тоа што недостасува кај неговиот тим по паузата во сезоната.
– Клубот, играчите и навивачите се разочарани, но сега не можеме да сториме ништо повеќе, затоа што не сме доволно агресивни. Добро ја контролиравме топката, но острината не е доволна. Ни фалеа неколку играчи, моравме да направиме друг избор. Не мислам дека ни недостасуваше аспирација, затоа што 90 минути моите фудбалери беа сконцентрирани, а тоа не се случува без аспирации, изјави Сари.
Нашите играчи се навикнати на тоа дека можат да ги поминат своите чувари, но сега тоа не им успеа. Роналдо. Тој е во иста форма како и останатите, како Дибала и Даглас Коста, му недостасува агресивност за да го направи она што го прави најдобро, додаде предводникот на Јувентус. зс/