Утрински Весник
Спорт

Сари инситирал на трансферот на Лофтус-Чик

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, е свесен дека клубот најверојатно, на крајот од сезоната ќе остане без Сергеј Милинковиќ-Савиќ. По тој повод . „Кориере дело спорт“ “ пишува дека Лацио е заинтересиран да го доведе играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик.

Секако, на трансфер инсистира тренерот на Лацио, Маурицио Сари, кој работеше со 26-годишниот фудбалер додека беше тренер на Челзи. „Кориере дело спорт“ пишува дека искусниот италијански стручњак повремениот англиски репрезентативец го гледа како идеална замена за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Србинот се поврзува со трансфер во Јувентус, но веќе подолго време се споменуваат и клубови од Англија

Лофтус-Чик оваа сезона одигра 35 натпревари за Челзи во сите натпреварувања.

Неговиот договор со лондонскиот клуб важи до јуни 2024 година. Порталот „Трансфермаркт“ овој фудбалер го проценува на околу 20 милиони евра.

> Сари инситирал на трансферот на Лофтус-Чик <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина