Утрински Весник
Магазин

Сара Џесика Паркер, Метју Бродерик и Даниел Крег не се на листата номинирани за „Тони“

Dik 300x250 mk

Номинациите за 75. доделување на престижните театарски награди „Тони“ беа откриени во понеделникот и содржеа некои изненадувања околу тоа кој ќе присуствува на настанот во „Радио Сити Хол“ овој јуни.

Ниту ѕвездата на „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (57), ниту нејзиниот сопруг Метју Бродерик (60) не добија номинација за нивните изведби во претставата Plaza Suite, која неодамна се соочи со проблеми откако и двајцата се заразија со коронавирусот.

Бонд-ѕвездата Даниел Крег (54) исто така не доби номинација за улогата Магбет во истоимената Бродвејска претстава, додека неговата колешка Рут Нега е номинирана за најдобра актерка во главна улога во претстава за улогата Лејди Магбет.

Бини Фелдштајн е игнорирана за многу пофалената улога во „Смешна девојка“ (Funny Girl), која можеше да ѝ обезбеди признание во категоријата Најдобра актерка во мјузикл. Фактот што ја нема меѓу номинираните не е изненадување со оглед на неповолните рецензии што ги доби римејкот, коментираат медиумите.

Ѕвездата на „Вил и Грејс“, Дебра Месинг, изостана на листата за нејзината нова драма „Роденденски свеќи“ (Birthday Candles), и покрај ветувачките рецензии.

Сепак, на церемонијата нема да недостасуваат таленти бидејќи главните ѕвезди, вклучувајќи ги Хју Џекман и Сатон Фостер  и Сатон Фостер (The Music Man), Били Кристал (Mr. Saturday Night) и Сем Роквел (American Buffalo) сите се најдоа на листата номинирани.

Церемонијата на годинешните награди „Тони“, театарски еквивалент на филмскиот “Оскар“, кои ги доделува Американското театарско крило и Лигата на американски театри и продуценти, ќе се одржи во „Радио Сити Мјузик Хол“ во Њујорк Сити на 12 јуни.

Можете да прочитате

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари 

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април