Утрински Весник
Македонија

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од  автобуската несреќа на автопатот „Струма“

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот со македонска регистрација што се запали на автопатот „Струма“.

Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Вчера со указ на јавниот обвинител, било дадено одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер до нивните роднини, рече Борислав Сарафов.

Според најавите, бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.

Вчера заврши и транспортот на сите седум повредени патници.

Несреќата во која загинаа 45, а седум лица беа повредени се случи во раните утрински часови на 23 ноември кога тие со автобус на агенцијата „Беса транс“, преку Бугарија, се враќаа од патување во Истанбул.

Можете да прочитате

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси