Утрински Весник
Спорт

Санчез истрауматизиран од својот престој во Интер

Интер на чело во Италија, деби за Санчез
Dik 300x250 mk

Милано, 23 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е „разочаран и истрауматизиран“ од својот престој во Интер до моментот. Ова го откри селекторот на Чиле, Реиналдо Руеда. 31-годишниот фудбалер беше позајмен од Манчестер Јунајтед, каде доживуваше сериозни потешкотии. Сепак, ситуацијата на „Меаца“ не се подобри,откако тој има 1 гол и 3 асистенции на 15 натпревари за гигантот од Милано.

– Ова е прилично трауматична година за него, вистинско мачење. Се тргна надолу по неговиот трансфер од Арсенал во Манчестер Јунајтед. Тој дојде да учествува во Копа Америка во Бразил, но потоа имаше несреќа да се повреди во контрлната со Колумбија. Тој, исто така, имаше лош почеток на престојот во Интер, и веднаш штом се опорави, започна пандемијата на коронавирусот. Се надевам дека тоа скоро ќе заврши затоа што тој е страшен професионалец кој може да одржи високо ниво во кој било клуб доколку му се даде шанса. Тој сè уште може да игра фудбал на највисоко ниво, рече Руеда.

Алексис пропушти три месеци од сезоната, откако го повреди левиот глужд во октомври.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа