Утрински Весник
Спорт

Санчез им поставил ултиматум на ПСЖ

ПСЖ во наредните два дена мора да го заврши трансферот на Ренато Санчез, во спротивно тој ќе се пресели во Милан. Разликата од она што го нуди ПСЖ и она што го бара Лил за Санчез е 3.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Португалецот му поставил ултиматум на ПСЖ и му дал 48 часа да ја изедначи понудата на Милан од 15.000.000 евра, пренесуваат медиумите во Франција. ПСЖ за играчот на Лил нуди 12.000.000 евра.

Санчез сака да игра за францускиот шампион, но Лил нема да прифати помала понуда за својот најдобар играч. Така, ПСЖ доби ултиматум да ја израмни понудата на Милан во следните два дена, или европскиот шампион од 2016 година ќе замине на „Сан Сиро“.

ПСЖ досега се засили со Витиња од Порто за 40.000.000 евра. До крајот на преодниот рок покрај Санчез во клубот би требало да пристигне и дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина