Утрински Весник
Спорт

Санто добил гаранции дека Кејн ќе остане во Тотенхем

Санто добил гаранции дека Кејн ќе остане во Тотенхем

Нуно Еспирито Санто, пред неколку дена, беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем. Португалецот, добил гаранции од претседателот Даниел Леви, дека најдобриот играч и стрелец, Хари Кејн ќе остане во клубот.

„Дејли мејл“, пишува дека, Леви на новиот менаџер му рекол, дека Кејн може да замине само во случај, во клубот да стигне понуда од 150 милиони фунти.

Според овој извор, Манчестер сити, понудила 100 милиони фунти за Кејн.

Инаку, Хари Кејн, во финишот на минатата сезона, неколку пати кажа дека сака да игра во тим кој ќе биде конкурентен во борбата за титулата во Премиер лигата.

> Санто добил гаранции дека Кејн ќе остане во Тотенхем <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина