Бразилскиот клуб Сантос реагираше на поставувањето на рекордот на Лионел Меси од 644 гола за Барселона, посочувајќи дека Пеле за нив има дадено дури 1.091 гол, а не 643 како што претходно се мислеше.
Сантос најдоа 448 гола повеќе од официјалниот рекорд, велејќи дека мечевите против Ривер плата, Бока јуниорс, Расинг, Универзидад де Чиле, Реал Мадрид, Јувентус, Лацио, Наполи, Бенфика, Андерлехт, заедно со осумте гола против Интер и четирите против Барселона не биле броени во официјалната бројка.
„Според некои статистичари, Аргентинецот Лионел Меси (Барселона), стана фудбалерот со најмногу голови за ист клуб, 644 гола за каталонскиот клуб, исклучувајќи ги головите на пријателски мечеви, кои за некого се официјални голови. Пеле веќе му честиташе на Меси, но дел од извештаите за овој историски успех, го забораваат најголемиот рекорд, вкупниот број на голови за еден клуб. Пеле постигна 1.091 гол за Сантос. Тој постигна 643 гола во натпреварувања и 448 гола во мечеви кои биле пријателски, како тие да имаат помало значење од другите мечеви“, се вели во соопштението на Сантос.
> Сантос не го признава рекордот на Меси – Пеле постигнал 1.049 гола? <