Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење

Санкционирани 393 возачи во Скопје, од кои 164 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 16 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата

Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане