Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Санкционирани 152 возачи во Скопје

Санкционирани 152 возачи во Скопје
300x250 opst2

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19, седум за возење без возачка дозвола, шест за некористење сигурносен појас.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 62 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Младиот Кико од Кочани се бори со најтешката болест – да му помогнеме!

Неготинец тешко повреден додека работел во хала на стопански комплекс

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана