Утрински Весник
Македонија

Санкции за 282 возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Санкции за 282 возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден била спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 282 возачи, информира министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 282 казнети возачи, 169 не користеле заштитна кацига за време на возење, 51 лице возело без возачка дозвола, 17 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а имало санкции и за други прекршоци, велат од МВР.

Oд таму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Секоја нова власт, нови прислушувања – Дали граѓаните некогаш ќе бидат сигурни?

Мицкоски: Прислушкувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, правото на слобода и темелите на државата

Димовски: Не кријте се зад „државна тајна“, објавете ги документите