Член на политичкото биро на Народниот фронт за ослободување на Палестинците (ПФЛП) во неделата изјави дека санкциите на палестинските власти на Појасот Газа се катастрофални, објави новинската агенција Шехаб.
Маријам Абу Дага тврди дека санкциите мора да бидат укинати што е можно поскоро. Таа додаде дека платите на јавните службеници во Појасот Газа мора да бидат исплатени и сите одлуки на претседателот на ПС, Махмуд Абас, за номинирање судии мора да бидат поништени.
Претставничката на ПФЛП рече дека многу брзо треба да се формира Изборниот суд со цел да се осигура дека нема никакви пречки пред изборите. Таа исто така истакна дека ПЛО претставува 13 милиони Палестинци внатре во Палестина и во дијаспората, така што нејзиниот претседател не треба да биде иста личност со претседателот на ПС.
Од ПФЛП, посочи Абу Дага, би сакале да видат сеопфатен национален дијалог и преуредување на палестинските институции пред издавањето на изборниот декрет.
Критикувајќи го непочитувањето од страна на ПС на препораките дадени на комфенренцијата на генерални секретари пред три месеци, таа ја истакна важноста да се има национално раководство што ги почитува палестинските амбиции и права.
„Потребен ни е транспарентен демократски процес заснован на резултатите од националната согласност. За ова е потребен разговор за сите отворени прашања и да се договори национален кодекс на однесување што гарантира дека резултатите од изборите ќе бидат почитувани, какви и да се “, заклучи Абу Дага.