Утрински Весник
Свет

Санкт Петербург: Силен ветар собори над 260 дрвја, уништени 14 автомобили, најмалку двајца повредени

Санкт Петербург: Силен ветар собори над 260 дрвја, уништени 14 автомобили, најмалку двајца повредени

Силен ветар во Санкт Петербург собори повеќе од 260 дрвја, а 14 автомобили беа уништени, објави градскиот секретаријат за вонредни ситуации.

Како што се наведува, во четвртокот вечерта спасувачките служби интервенирале 373 пати.

„Одговоривме на пријавите дека паднале 261 дрво, како и дека се урнале 112 различни објекти во градот. Уништени се 14 автомобили”, се вели во соопштението.

Според претходните извештаи, две лица биле повредени.

На 9 септември, Градскиот секретаријат за вонредни ситуации издаде предупредување за временски непогоди за Санкт Петербург и регионот Ленинград.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок