Утрински Весник
Магазин

Сандра Булок елегантна на премиерата на „Непростливо“

Сандра Булок елегантна на премиерата на „Непростливо“

Сандра Булок ги предводеше ѕвездите на црвениот тепих на премиерата на драмата „Непростливо“ (The Unforgivable) во Њујорк во вторникот вечерта.

Актерката на себе има шик комбинезон на славната модна дизајнерка Стела Мекартни, со светки и блејзер.

На 57-годишната оскаровка ѝ се придружија неколку актери од драмата на „Нетфликс“, меѓу кои и Џон Бернтал и Ајслинг Франциози.

Премиерата на филмот беше одложена за речиси една недела откако се појави во кината на 24 ноември поради низа главно негативни критики.

Филмот се фокусира на поранешна затвореничка која се обидува да си го обнови животот по излегувањето од затвор.

Можете да прочитате

Копаоник во зимска бајка – снег, скијачи и радост за сите

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена