Утрински Весник
Свет

Сандерс: На овие избори ќе се бира меѓу демократија и Трамп

Сандерс: На овие избори ќе се бира меѓу демократија и Трамп

Американскиот сенатор Берни Сандерс, поранешен кандидат за претседател од Демократската партија, денеска во Вашингтон изјави дека на претстојните избори ќе се одлучува меѓу Доналд Трамп и демократијата во земјата, при што нагласи дека демократијата мора да победи.

Како што пренесува „Ројтерс“, Сандерс смета дека Трамп е подготвен да ја поткопа американската демократија само за да остане на власт и повика на формирање на независна комисија за следење на претседателските избори закажани за 3. ноември.

Вчера, одговарајќи на новинарско прашање, Трамп одби да се обврзе на мирен трансфер на власта и рече дека очекува оти за неговата битка со демократскиот кандидат Џо Бајден ќе одлучува Врховниот суд.

Сепак, неговата администрација во Белата куќа денеска се обиде да ги смири страстите по оваа изјава, соопштувајќи дека американскиот претседател ќе ги прифати изборните резултати.

„Претседателот ќе ги прифати резултатите од слободните и фер избори“, рече портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекени, на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење