Утрински Весник
Спорт

Сам плаќа милион ипол евра само за да дојде во Реал Мадрид

Сам плаќа милион ипол евра само за да дојде во Реал Мадрид

Крилниот кошаркар на Валенсија, Алберто Абалде ќе прејде во редовите на Реал Мадрид, но ќе мора самиот да си го плати обезштетувањето за да го напушти клубот, стои во договорот.

Се работи за 1.5 милиони евра. Абалде го извести својот актуелен клуб и ќе си оди од Валенсија по 3 сезони поминати таму.

Сезонава тој имаше учинок од 8.7 поени и 3.3 скока во АЦБ лигата, додека во Евролигата неговиот просек на меч беше 7.8 поени и 4 скока.

Пред да настапува за Валенсија, го носеше дресот на Хувентуд.

Колкава ќе биде неговата плата во Реал е непознато, но сигурно се работи за висока сума што може да плати толку високо обесштетување.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите