Утрински Весник
Македонија

Само 6 пациенти за 24 часа во ковид центрите во Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент а 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17  оздравени пациенти.
Во  ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58
пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува известуват од здравство  и утрово според информации од таму до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информираат од министерството.

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег