Утрински Весник
Македонија

Само 3 пациенти за 24 часа во ковид центрите во Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Според информации од ресорното министерство сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?