Утрински Весник
Магазин

Само Шварценегер може да вози армиски џип низ град

Само Шварценегер може да вози армиски џип низ град
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арнолд Шварценегер излезе со неговиот масивен армиски џип „Хамви“ за време на сообраќаниот метеж во Санта Моника во понеделникот попладне.

73-годишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија беше забележан во градот додека го вози својот Хамер, без врата од страната на возачот.

Шварценегер стана првиот цивил кој купил „Хамви“, па дури и го отвори патот за цивилна верзија која дебитираше во 1992 година.

Хамерите првично се произведуваа строго за армијата на САД, а  Шварци првпат ги открил возилата во 1990 година, додека го снимал „Полицаецот од градинката“ во Портленд.

Тој ги контактирал производителите „АМ џенерал“ и ги убедил да направат легална верзија за цивили. Тие го послушале, и во 1992 година првиот таков џип му го продале на sвездата на „Терминатор“.

Актерот ги купи и првите два Икс 1 Хамери кои беа повлечени од линијата истата година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка