Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Само вчера втора доза вакцина примиле 13.027 граѓани

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе
Img 7972

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани.

„Прва доза вакцина вчера примиле 1.255 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 14.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани“, додаваат од ресорното министерство.

Според последните бројки, 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во арената А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Можете да прочитате

Перо Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

Од 9 до 11 октомври денови на словенечки филм во Кинотека