Утрински Весник
Македонија

Самостојниот синдикат за здравство со финансиска поддршка за обезбедување маски за ЈЗУ

МЗ: Денеска е крајниот рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита преку соопштение апелира до менаџерските тимови на сите јавни здравствени установи во државата во оваа вонредна состојба за максимално придржување и спроведување на мерките за заштита од коронавирусот, особено за оние здравствени работници и вработени кои се во директен контакт и непосредна близина со пациентите.

Од Синдикатот посочуваат дека ќе преземат и активно учество со финансиска поддршка во обезбедување на заштитни маски, во кои еден дел би биле и пософистицирани маски за директно изложените, кои ќе бидат испратени до менаџерските тимови во јавните здравствени установи во одредена количина од наредната недела.

Здравствените работници, истакнуваат од Синдикатот, им се потребни на граѓаните повеќе од било кога досега во борбата за заштита на јавното здравје.

Во новонастанатата ситуација, свесни сме за ризикот и изложеноста на вирусот на нашите вработени во здравствената дејност. Ја поздравуваме активноста на Министерството за здравство во делот на превземените мерки, а посебно ангажманот на министерот за здравство Венко Филипче, додаваат од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново