Утрински Весник
Спорт

Сами Кедира заминува во пензија: 15 години фудбал го направија своето

Сами Кедира заминува во пензија: 15 години фудбал го направија своето

Освојувачот на Светското првенство во 2014 со Германија и поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус, Сами Кедира потврди дека ќе се пензионира по последното коло во Бундеслигата овој викенд.

34-годишниот Кедира, кој сега игра за Херта Берлин, го имаше последниот од 77-те настапи за Германија при неславниот 2:0 пораз од Јужна Кореја во 2018 година, кога актуелните шампиони испаднаа во групната фаза.

„Ова е многу тежок чекор за мене, но верувам дека е вистинскиот. 15 години професионален фудбал го направија своето“, вели Кедира.

Тој ја започна кариерата во Штутгарт, со кои ја освои титулата од Бундеслигата во 2007 година, а по СП во 2010 година заврши во Реал Мадрид, каде што имаше сериозна повреда на коленото на стартот на сезоната 2013/14, а потоа ја освои Лигата на шампионите со „кралевите“. Во 2015 година тој се пресели во Јувентус, каде што освои пет титули од Серија А, но оваа сезона немаше ниту еден настап за клубот, пред во февруари да се пресели во Херта, за кои одигра осум натпревари.

„Интензитетот, болките и агонијата на крајот вредеа. Во исто време, морам да признаам дека фудбалскиот бизнис е многу тежок“, додава Кедира.

> Сами Кедира заминува во пензија: 15 години фудбал го направија своето <

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос