Утрински Весник
Свет

Салвини нападнат во Тоскана, млада црнкинка му ја раскопчала кошулата

Салвини нападнат во Тоскана, млада црнкинка му ја раскопчала кошулата
Dik 300x250 mk

Матео Салвини, лидерот на крајнодесничарската Лига, денеска во Тоскана бил нападнат од млада црномурна жена, која му скинала копче од кошулата, но и бројаницата што ја носел околу вратот, пренесоа медиумите.

Салвини, чија партија силно се спротивставува на имигрантите и кој ја изгради својата изборна програма врз основа на ова прашање, бил турнат од млада жена по потекло од Конго пред да може да интервенираат обезбедувањето и полициските сили.

Според податоците на полицијата, Салвини го посетил местото како дел од изборната кампања за регионалните избори на 20 и 21 септември. Се чини дека потегот на младата жена не бил однапред испланиран, пренесува агенцијата „Анса“.

Враќајќи се од работа, таа случајно се нашла среде толпата приврзаници на Салвини и ја искористила можноста да го турне, изјавил неименуван извор.

„Секој може да има разни политички, спортски и религиозни идеи, но без насилство“, истакнал Салвини по настанот.

Лидерот на Лига дојде во Тоскана како дел од изборната кампања во која ќе се обиде да го осовои овој италијански регион, кој со децении се смета за упориште на левицата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал