Утрински Весник
Свет

„Сакаме слобода“ – мигрантите протестираат на Лезбос по пожарот што го го уништи кампот

„Сакаме слобода“ – мигрантите протестираат на Лезбос по пожарот што го го уништи кампот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Илјадници мигранти и бегалци кои останаа без покрив над главата по пожарот на грчкиот остров Лезбос, протестираа против изградбата на нов камп, а во еден момент полицијата употреби солзавец.

Скоро 13.000 луѓе живееја во преполниот камп Морија и очајно сакаат да го напуштат островот.

Жителите на Лезбос исто така се спротивставуваат на реконструкцијата на кампот и ги блокираа патиштата со цел да се запре испораката на помош, но грчката армија започна да поставува нов камп, пишува Би-Би-Си.

Цели семејства спиеја на полињата и улиците откако избегаа од пожарот во Морија, што се случи во средата. Кампот Морија требаше да прими само 3.000 мигранти, а во него се сместуваа луѓе од 70 земји, главно од Авганистан.

Во петокот, мигрантите се приближија до полициските барикади, носејќи знаци за слобода и се спротивставувајќи се на изградбата на кампот. Тие бараат да им биде дозволено да го напуштат Лезбос.

Еден од мигрантите носеше големо парче картон со натпис „Не сакаме храна, сакаме слобода“, а на другиот транспарент пишуваше „Морија убива“.

Освен мигрантите, се побунија и жителите на Лезбос, кои се спротивставуваат на плановите за обнова на кампот.

„Не сакаме друг камп и ќе се спротивставиме на какви било градежни работи. Со оваа состојба се соочуваме веќе пет години, време е и другите да го понесат тој товар“ рече еден од членовите на локалната самоуправа, Вангелис Виолацис.

И додека армијата поставува нови шатори на Лезбос, грчката влада се обидува да ја зголеми безбедноста на островот, па полицијата со водени топови пристигна на местото на настанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана