Утрински Весник
Економија

Саем на кариера понуди над 200 работни позиции – шанса за подобра кариера и можности за вработување во Битола

Саем на кариера понуди над 200 работни позиции – шанса за подобра кариера и можности за вработување во Битола

Дваесет и две компании кои имаат над 200 работни позиции беа дел од 5-тиот по ред “Саем за кариера” во организација на Младински Културен Центар- Битола, каде сите кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука,можеа подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.

„ Имајќи ги во предвид брзите динамики кои се случуваат денес, а кои се јавуваат како последица и во пазарот на трудот, ваквото партнерско делување дава шанса повеќе за оние кои бараат работа и оние кои имаат потреба од вработување на кадри. Треба да делуваме во преквалификациите и дотурот на информации за тоа кој тип на профили се потребни за нудење на работни услуги кон фирмите. Се надевам дека овој проект кој има три делови, прво бизнис старт-ап центарот, саемот на кариера и третиот јакнење на ИТ вештините кај популацијата, сите три дaваат можност младите луѓе, самохраните родители, а воедно и оние кои ги доживеале последиците од пандемијата во својот работен ангажман да добијат шанса повеќе, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Оваа активност е единствена во државата поддржана од Меѓународната организација на трудот, преку фондови на ЕУ, а Општина Битола беше еден од многуте апликанти кои беа препознати како единствена проектна апликација која се поддржа и која финишира со ваков голем настан.

На настанот беа поканети и четири мотивирачи-говорници кои ги раскажаа своите лични приказни на успех, Весна Иваноска – генерална менаџерка на Сеавус едукативен и развоен центар, Пеце Цветковски-Персата, кој Вила Дихово ја претвори во туристички производ за кој зборува светот, Мартин Ангелов основач на Улаф Сте- првото знаковно кафуле и Елена Петровска која работи во Cylindo Битола, старт-ап компанија која има свои канцеларии во Копенхаген, Бостон и Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото