Утрински Весник
Свет

САД: Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

САД: Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на 6 јануари, по што тој изјавил дека има намера повторно да оди во Вашингтон со огнено оружје во знак на протест против инаугурацијата на Џо Бајден.

Куој Грифин, окружен комесар во Ново Мексико и основач на група наречена „Каубои за Трамп“, беше меѓу илјадниците кои упаднаа во Капитол обидувајќи се да спречат Конгресот да ја потврди победата на демократот Бајден над републиканскиот претседател Доналд Трамп. Тој застана на скалите на зградата, но не влезе во неа.

Властите соопштија дека тој се вратил во Ново Мексико по бунтот, каде на 14 јануари на состанокот на Советот на округот Отеро изјавил дека планира да се врати назад во Вашингтон со пушка и револвер во знак на протест против инаугурацијата на Бајден оваа среда.Тој е обвинет затоа што влегол нелегално и останал во забранетата област.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протести во Литванија против планирани реформи во јавниот радиодифузен сервис

Ескалираше протестот на земјоделци од неколку европски земји во Брисел

ЕУ ги укинува санкциите за Косово