Утрински Весник
Економија

САД тврдат дека Швајцарија манипулира со курсот на франкот

САД тврдат дека Швајцарија манипулира со курсот на франкот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Швајцарија манипулира со курсот на франкот за да спречи негово зајакнување за време на превирањата на финансиските пазари предизвикани од пандемијата на коронавирус, објави Министерството за финансии на САД.

Министерството двапати годишно објавува извештаи во кои ја анализира валутната политика на големите трговски партнери, потсетува Би-би-си.

Швајцарија во извештајот објавен во средата е посочена како земја што манипулира со курсот на домашната валута, заедно со Виетнам.

Вашингтон исто така има намера внимателно да ги следи монетарните политики на 10 земји, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Германија. На списокот на земји на кои им е потребно поголемо внимание се и Тајван, Тајланд и Индија, пренесува Би-би-си.

Во одлуката за поблиско следење на одделни земји, САД, меѓу другото, го разгледуваат и степенот до кој државите интервенираат на девизните пазари и степенот на вишок во билатералната размена.

Трговскиот вишок на Швајцарија во размената со САД нагло се зголемил во периодот од 12 месеци до крајот на јуни, делумно поради наглото зголемување на извозот на злато во првата половина на 2020 година, водено од набавките на американски инвеститори во време на пандемијата, посоли Вашингтон.

Кон ова треба да се додадат и интервенциите на швајцарската централна банка на девизните пазари во вредност од 14 проценти од БДП, кој се обидува да го амортизира остриот скок на побарувачката за франци, додава Министерството за финансии на САД.

Од таму забележуваат дека интервенцијата е значително пообемна отколку во претходните периоди.

Швајцарија ја отфрли ознаката манипулатор на девизниот курс, додавајќи дека останува подготвена пообемно да интервенира на пазарот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра