Утрински Весник
Економија

САД ставија 33 кинески фирми на црна листа

САД ставија 33 кинески фирми на црна листа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вашингтон, 23 мај 2020 (МИА) – Американското Министерство за трговија соопшти дека додава 33 кинески компании и други институции на економската црна листа поради злоупотреби на човековите права и загриженоста за американската национална безбедност, што вклучува оружје за масовно уништување и други воени активности.

Американските медиуми коментираат дека црната листа е последниот обид на администрацијата на Доналд Трамп да ги нападне компаниите поврзани со воените набавки и да го казни Пекинг за третманот на муслиманските малцинства, а доаѓа во време кога лидерите на Комунистичката партија во Пекинг открија детали за планот за воведување закон за национална безбедност на Хонг Конг.

Одделот за трговија соопшти дека девет компании и институции се санкционирани за соучесништво во кршењето на човековите права и злоупотребите извршени во кинеската кампања на репресија, масовно произволно притворање, присилна работа и високо-технолошки надзор против Ујгурите и други.

Министерството за трговија додаде и 24 владини и трговски организации на економската црна листа поради овозможување набавка на предмети што може да ги користи кинеската војска. ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна