Утрински Весник
Свет
Img 7972

САД со предупредување од највисок степен до своите граѓани: Не патувајте во Црна Гора

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот
Img 7972

Црна Гора, заедно со Централноафриканската Република и Авганистан и некои други земји, е на списокот на земји обележани од САД со четврти, највисок степен на предупредување до граѓаните да не патуваат во тие земји поради лошата епидемиолошка состојба.

Подгоричкиот портал ЦДМ (CdM) потсетува дека состојбата во Црна Гора е алармантна уште од пред неколку дена, кога Стејт департментот на 16 февруари издаде Предупредување за американските граѓани на Ниво 4, засновано на известување до Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ) за Црна Гора поради епидемиолошката состојба – „Не патувај“.

На овој начин, според порталот, во 2021 година, Црна Гора, заедно со Индонезија, Централноафриканската Република, Авганистан, Ирак, Алжир, Боливија, Боцвана, Бурма (Мјанмар) и Островите Турк и Каикос „добиле“ највисоко ниво на предупредување поради опасни по живот ризици.

Со овие предупредувања САД јасно ги упатуваат своите граѓани да ја видат ситуацијата во Црна Гора како крајно алармантна, но и дека состојбата не се очекува брзо да се подобри, пренесоа овој медиум.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија