САД спроведуваат пакет мерки за да спречат враќање на сириските бегалци во нивната земја, се вели во понеделнчката заедничка изјава на руско-сириската Дирекција за меѓусекторска координација, пренесува ТАСС.
„И покрај колосалните напори да се создадат поволни услови за враќање на сириските граѓани во родната земја преземени од сириските власти, САД и нивните сојузници продолжуваат да спроведуваат цел пакет мерки, вклучително и невидена пропагандна кампања што е насочена кон спречување на бегалци на територијата на земјите соседи со Сирија “, се нагласува во соопштението.
„Сметаме дека е потребно да го свртиме вниманието кон на проценката на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци во врска со изгледите за враќање на граѓаните на Сириската Арапска Република од земјите на Блискиот исток во нивната родна земја, според кои над 70 отсто ќе се вратат на местата на постојан престој. Во врска со тоа се појавува логично прашање: зошто ова сè уште не се случило? ” посочува документот.
Според дирекцијата, американската страна има корист од нестабилната состојба во Сирија за да продолжи да го оправдува своето незаконско присуство и да ги ограбува природните ресурси што му припаѓаат на сирискиот народ.
„Токму со оваа цел, информативните агенции контролирани од САД шират лажни вести за ситуацијата во Сирија, плашејќи ги Сиријците и спречувајќи го нивното враќање дома“, се вели во соопштението.
Во исто време, се посочува дека токму на територијата контролирана од американска страна во Североисточна Сирија се забележува брзо влошување на ситуацијата во бегалскиот камп „Ал-Хаул“, каде што остануваат активни припадници на терористичката Исламска држава.
„Со премолчана согласност од американската страна, милитантите организираа канал за испорака на оружје, муниција и средства за комуникација до логорот. Во „Ал-Хаул“ функционираат судови создадени од џихадистите. Се почести се убиства на жители на кампот кои не го поддржуваат радикалниот екстремизам. Значително внимание се посветува на идеолошко перење на мозокот на малолетници занивно радикализирање и зголемување на бројот на милитанти “, се нагласува во документот.