Утрински Весник
Свет

САД: Русите се повлекуваат од областа на нуклеарната централа Чернобил

САД: Русите се повлекуваат од областа на нуклеарната централа Чернобил
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија почнува да се повлекува од областа на нуклеарната централа Чернобил, соопшти Пентагон, пренесува АФП.

Руските трупи кон крајот на февруари, по нападот врз Украина, окупираа голем број украински објекти, вклучувајќи ја сега неактивната нуклеарна централа во Чернобил.

Украинците вработени за одржување на нуклеарната централа во понеделникот изјавија дека руските војници подигнале облак од радиоактивна прашина додека возеле низ областа.

Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, велат работниците за Ројтерс.

Можете да прочитате

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени