Утрински Весник
Свет

САД повторно воведуваат тарифи за увоз на алуминиум од ОАЕ

САД повторно воведуваат тарифи за увоз на алуминиум од ОАЕ

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повторно ги воведе тарифите за увоз на алуминиум од Обединетите Арапски Емирати, со што ја смени одлуката на својот претходник Доналд Трамп, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Тарифата од десет отсто ќе остане на сила од национално-безбедносни причини, објави во понеделникот Белата куќа.

„ Според мене, достапните докази покажуваат дека увозот од ОАЕ може сè уште да го наруши домашното производство и со тоа да ја наруши нашата национална безбедност“, рече Бајден.

Еден час пред крајот на неговиот претседателски мандат на 20 јануари, Трамп издаде ослободување за ОАЕ од тарифата од десет отсто за увоз на алуминиум во САД. Овој потег уследи откако ОАЕ минатата година се согласија да воспостават дипломатски односи со Израел.

Одлуката на Бајден уследи неколку часа по неодамнешните изјави на амбасадорот на Емиратите во САД, Јусеф Ал-Отаиба, кои го опишаа прекинувањето на американскиот договор за оружје за неговата земја како рутинска работа.

„ Додека е во тек ревизијата сè се одвива нормално. Уверен сум дека ова ќе заврши како што треба”, рече Отаиба, цитиран од Ројтерс.

Но, Вашингтон изјави дека договорот ќе биде прекинат се додека не се претстави планот за запирање на војната во Јемен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците