Утрински Весник
Свет

САД: Повеќе од 44.000 новозаболени од коронавирус

САД: Повеќе од 44.000 новозаболени од коронавирус

САД пријавија уште 44.091 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 1.324 лица, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Вкупниот број заразени во САД е 5.482.466, а 171.821 лица починале од почетокот на пандемијата, пренесува „Си-ен-ен“.

Податоците опфаќаат случаи од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Со речиси 500.000 загинати војната во Украина е најлошото крвопролевање во Европа од 1945 година

Европската комисија побара од Украина да ја забрза поправката на нафтоводот „Дружба“