Утрински Весник
Свет

САД: Нема да се приклучиме на корумпираната СЗО во развојот на вакцините

САД: Нема да се приклучиме на корумпираната СЗО во развојот на вакцините

Белата куќа соопшти дека САД нема да се приклучат на глобалните напори да се обезбеди фер пристап до вакцината против Ковид-19, велејќи дека проектот е поврзан со „корумпираната“ Светска здравствена организација (СЗО).

Повеќе од 170 земји разговараат за приклучување кон иницијатива за вакцина позната како „Ковакс“, која веќе доби гаранција од 400 милиони евра од Европската комисија.

Проектот беше организиран од Сојузот за вакцини Гави, Коалицијата за иновации во подготвеност за епидемии (ЦЕПИ) и СЗО.

Портпаролот Џад Дир рече дека мултинационалните организации под влијание на корумпираната Светска здравствена организација и Кина нема да ги ограничат САД.

„Овој претседател нема да штеди средства за да обезбеди дека секоја нова вакцина го исполнува нашиот златен стандард на ФДА (Администрација за храна и лекови) за безбедност и ефикасност, да биде темелно тестирана и да спасува животи“, додаде Дир.

Одлуката на САД уследи откако администрацијата на Трамп се повлече од СЗО во јули, тврдејќи дека Пекинг има премногу влијание во организацијата и спроведува независна стратегија за развој на вакцини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија