Утрински Весник
Свет

САД најавија притисок врз Северна Кореја поради загриженоста за можна нова нуклеарна проба

Американските власти соопштија дека ќе го задржат дипломатскиот притисок врз Северна Кореја се додека режимот во Пјонгјанг не го промени својот курс, а таквата порака од Вашингтон беше испратена во услови на зголемени тестирања на севернокорејски балистички ракети и стравувања од потенцијален нуклеарен тест, јавува Анадолија.

– Доколку и додека Северна Кореја не се ангажира со нас, со партнери и сојузници во дипломатијата и дијалогот, тој притисок ќе продолжи. Ќе се одржи и, доколку е потребно, ќе се зајакне – изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на заедничката прес-конференција со неговата јужнокорејска колешка Парк Џин.

Шефот на американската дипломатија Блинкен ја предупреди Северна Кореја да не ја врши седмата нуклеарна проба во нејзината историја, велејќи дека САД се уште се во состојба на готовност и дека својот одговор го подготвиле во координација со своите сојузници и партнери, пред се оние во Јужна Кореја и Јапонија.

– За денеска можам едноставно да кажам дека се подготвуваме за сите можни ситуации, повторно во многу тесна координација со другите. Нуклеарна проба би била опасна. Тоа би било длабоко дестабилизирачко за регионот. Тој очигледно би го прекршил меѓународното право наведено во неколку резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации – додаде Блинкен.

Парк ги повтори предупредувањата на Блинкен, велејќи дека секоја севернокорејска провокација, вклучително и нуклеарна проба, ќе наиде на обединет и цврст одговор од меѓународната заедница.

„Изразивме особена загриженост поради сè поагресивната реторика на Северна Кореја во однос на употребата на тактичко нуклеарно оружје“, рече Парк.

Соединетите држави, Јужна Кореја и Јапонија на 8 јуни објавија планови за зајакнување на безбедносните врски и се согласија заеднички да се спротивстават на заканите од Северна Кореја доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба.

Кина и Русија на 27 мај ставија вето на новите санкции на Советот за безбедност на ОН што ќе и бидат наметнати на Северна Кореја поради нејзините тековни тестови на балистички ракети, кои таа ги спроведува со кршење на претходните резолуции на Советот, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ