Утрински Весник
Свет

САД најавија дополнително повлекување на трупите од Ирак

САД најавија дополнително повлекување на трупите од Ирак

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ќе даде изјава во врска со натамошното повлекување на американските воени сили од Ирак, велат од прес-центарот на Белата куќа повикувајќи се на висок претставник на администрацијата, пренесува ТАСС.

„Официјалниот претставник рече дека очекува најава за понатамошно повлекување на војската од Ирак и уште една најава во наредните денови за Авганистан“, се вели во соопштението.

Кон крајот на август, „Волстрит журнал“ објави, повикувајќи се на владини извори,  дека САД планираат да го намалат своето воено присуство во Ирак на 3.500 војници. Во моментов, САД имаат распоредено околу 5.200 војници во земјата.

Американските сили извршуваат различни операции на ирачко тло од 2003 година. На 3 јануари оваа година, американските сили извршија ракетен напад во близина на аеродромот во Багдад, убивајќи го иранскиот генерал Касем Сулејмани. Како одговор на тоа, Техеран нападна две ирачки бази што ги користеше американската војска.

Американските напади врз шиитски групи во Ирак беа критикувани од ирачката влада. На 5 јануари, ирачкиот парламент усвои резолуција со која се бара целосно повлекување на сите странски сили.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд