Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД и НАТО ја напуштија клучната база во Авганистан

САД и НАТО ја напуштија клучната база во Авганистан
300x250 opst2

Последните американски и НАТО сили ја напуштија воздухопловната, главна воена база Баграм во Авганистан, која беше епицентар на војната против талибанците и Ал каеда во изминатите дваесет години.

„Сите американски војници и припадници на силите на НАТО ја напуштија воздухопловната база Баграм“, изјави висок американски службеник за безбедност, кој побара да остане анонимен, пренесува АП.

Според договорот со талибанците, сите американски сили ќе се повлечат од Авганистан по војната што траеше две децении.

Според Би-би-си, тоа може да сигнализира дека целосното повлекување на странските сили од Авганистан е неизбежно.

Повлекувањето од базата, северно од Кабул, се случува во време кога талибанците продолжуваат да напредуваат во многу делови на Авганистан.

Претседателот на САД, Џо Бајден, претходно објави дека американските сили ќе се повлечат до 11 септември, по повод годишнината од нападот на Ал каеда во САД во 2001 година, во кој загинаа речиси 3.000 луѓе, што предизвика американска инвазија на Авганистан.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин