Утрински Весник
Свет

САД ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

САД ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија

Соединетите Американски Држави издадоа ново предупредување за патување во Русија, напоменувајќи дека руските власти би можеле да ги изолираат и приведат Американците во земјата.

Истакнувајќи ја можноста за вознемирување на американските граѓани, во предупредувањето се повторуваат повиците Американците да не патуваат во Русија или веднаш да ја напуштат.

Тие, исто така, ги предупредуваат своите граѓани за самоволно спроведување на локалниот закон.

Во известувањето се наведува дека постојано има извештаи дека руската армија ги раздвојува и приведува американските граѓани кога се во Украина или кога се евакуирани по копно преку териториите окупирани од Русија.

„Ако сакате да ја напуштите Русија, треба да се организирате и да ја напуштите што е можно поскоро“, пишува во соопштението, наведуваат агенциите.

Соединетите Американски Држави ја затворија својата амбасада и конзулат во Украина неколку дена откако Путин ја објави инвазијата.

Можете да прочитате

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд