Утрински Весник
Свет

САД воведуваат санкции за Русија поради ситуацијата со Навални

САД воведуваат санкции за Русија поради ситуацијата со Навални

СAД ќе воведат санкции против седум претставници на руската влада поради ситуацијата со Алексеј Навални, изјави претставник на американската администрација.

Информацијата била соопштена за време на специјален телефонски состанок.

Како што се наведува, администрацијата на претседателот Џо Бајден сака односите меѓу Русија и САД да бидат стабилни и предвидливи, но нема да бара нивно ресетирање.

Американските власти усвоиле санкции против руски официјални лица и компании, бидејќи заклучиле дека Русија се обидела да го убие опозицискиот лидер Алексеј Навални со нервен агенс, соопштија неименувани официјални лица од администрацијата на Бајден.

Зборувајќи пред новинарите преку конференциски повик, официјалните лица изјавиле дека потегот е направен во координација со Европската унија, објави „Ројтерс“.

Тие исто така го повториле повикот на претседателот на САД, Русија да го ослободи Навални од затвор.

Претходно денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сигурно ќе одговори на евентуалните санкции што би ги вовеле Соединетите држави, поради ситуацијата со осудениот Навални.

„Ние ќе одговориме без сомнение. Едно од основните правила во дипломатијата е реципроцитет. Нема смисла да се коментира ваков чекор. Ние неколку пати повторивме што мислиме за нелегитимните еднострани санкции што американските колеги планираат да ги користат. Тоа се случува секогаш, а потоа Европската унија ги копира потезите на САД“, рече Лавров, а пренесе агенијата „Тасс“.

Лавров исто така додаде и дека САД немаат што конкретно да кажат во врска со наводите за наводно труење на Навални.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков