Утрински Весник
Свет

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Антиковид вакцини за деца под пет години треба да започнат најрано на 21 јуни, изјави високиот здравствен функционер во администрацијата на Бајден, координатор на Белата куќа за борба против КОВИД кој рече дека администрацијата на Бајден првично ќе обезбеди 10 милиони вакцини за сите американски држави.

Вакцините на компаниите Фајзер и Модерна ќе се најдат во аптеките и здравствените центри, објави ЦНБЦ.

Државите можат да почнат да нарачуваат вакцини уште денес, додаде функционерот, но дозите може да се испорачаат само откако Управата за храна и лекови на САД (ФДА) ќе го одобри.

ФДА треба да ја официјализира одлуката за давање вакцини на деца од предучилишна возраст по состанокот на независните експерти на агенцијата и да ги прегледа достапните податоци за вакцините на 15 јуни.

Потоа, Центрите за контрола и превенција на болести ќе дадат препорака со која се отстрануваат сите пречки за давање вакцина на децата, пренесуваат светските агенции.

Можете да прочитате

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран